За нас

Почнувајки со работа од 1992 година, Kафе Бар Мартини работи континуирано до денес на локација само 3 киломентри од центарот на Скопје во склоп на трговскиот центар Лептокарија во населбата Карпош 3.

 

Кафе бар Мартини е совршено место во кое може да се најде квалитетна храна и пијалок, интимен амбиент и беспрекорна услуга.

Прекрасната тераса втопена во природниот амбиент претставува пријатно место за утринско кафе со пријателите.

Кафе бар Мартини располага со отворен и затворен дел со вкупен капацитет од 270 места, идеален за организирање службени состаноци и семејни собири.

Ентериерот на кафе барот Мартини е единствен по својот изглед кој изобилува со мозаици во духот на македонската традиција, како и со витражи и слики репродукции од познати светски уметници.

Во последните години заштитен знак на Мартини претставуваат уникатните рецепти за вкусните и единствени вафли кои никого не оставаат рамнодушен.

Дојдете и посетете не и уживајте во единствениот амбиент и услуга.